Тајмаут
Случајот против Нејмар започнува денеска
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и Бразил, Нејмар пристигна во Барселона, каде денеска почнува судскиот процес против него и неговите родители за неправилности околу неговиот трансфер од Сантос во Каталонците во 2013 година.
30-годишниот Нејмар, кој вчера го постигна единствениот гол за ПСЖ во важната победа над Олимпик Марсеј, во судот пристигна со црн костум и очила за сонце, во придружба на неговите родители, кои исто така се меѓу обвинетите. Вкупно девет лица се обвинети за „деловна корупција“, меѓу кои и вработени во компанијата N&N која управува со Нејмар.
Истрагата за трансферот започна во 2015 година по жалба на бразилската компанија ДИС, која имаше 40 отсто од спортските права на фудбалерот. Барселона објави дека му платила на Сантос 57,1 милиони евра за напаѓачот, но обвинителите велат дека сумата за трансфер е најмалку 83 милиони, а помалата евидентирана сума му штети на ДИС. Меѓу обвинетите се и двајцата поранешни претседатели на Барселона – Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешниот прв човек на Сантос Одилио Родригез.
Случајот ќе продолжи до 31 октомври, а на Нејмар му се закануваат две години затвор и парична казна од 10 милиони евра.
Neymar em Barcelona, resolvendo questões da sua transferência em 2013. 📸 pic.twitter.com/a3j88tcSNu
— njdeprê – marlon (@neymarjrdepre) October 17, 2022