Тајмаут
Слушнетеја ја новата песна на Ливерпул: Мохамед Салах, дар од Алах
Египетска икона во Ливерпул
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е омилен играч на навивачите на Ливерпул. Тој ги освои навивачите во рекордно време, а главната причина е добрата игра на теренот.
Навивачите на Ливерпул имаа добра причина за да слават по синоќешниот натпревар против Рома на Олимпико, нивниот тим отиде во финалето на Лигата на шампионите, за прв пат по 11 години.
Во оваа прилика, тие измислиле нова песна за својот омилен Салах, а таа оди вака:
“Мохамед Салах, подарок од Алах. Тоа дојде од Рома во Ливерпул. Тој секогаш постигнува голови, станува досадно. Затоа ве молам не го земајте Мухамед”.
Да потсетиме дека Салах одигра одлично во првиот натпревар против Рома, постигнал два гола и постигнал два асистенции, но минатата ноќ не бил премногу забележлив. Без оглед на тоа, неговиот клуб ќе игра во финалето против Рерал.