Фудбал
Смолинг се враќа во Јунајтед, но Рома најде фантастична замена
Крис Смолинг пристигна во Рома на позајмица од Манчестер Јунајтед пред почетокот на сезоната.
Смолинг остави многу добар впечаток на „Олимпико“ и Рома има намера да го купи неговиот договор од Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се во добро расположение да преговараат со римскиот клуб.
Јунајтед сака да го врати Смолинг на „Олд Трафорд“ ова лето, бидејќи Оле Гунар Солскјаер ќе смета на него следната сезона откако овој дефанзивец добро го искористи заминувањето во Рома.
Но, Рома веќе најдоа замена за Смолинг. Според „Дејли меил“, целта на овој тим е Јан Вертонген, на кој договорот со Тотенхем истекува на крајот од оваа сезона.
Белгиецот сè уште не одлучил да го продолжи договорот, а се чини дека понудата на Рим дојде во најдобро време. Овој 32-годишник сериозно размислува да премине во редовите на Рома за да се „испроба“ во италијанската Серија А.