Connect with us

Фудбал

Со колено во меѓуножјето, овој судија ем покажува картони, ем тепа (ВИДЕО)

Мексиканскиот судија Фернандо Ернандез си ја уништи кариерата со многу глупав потег кој го направи на натпреварот помеѓу Клуб Америка и Леон во тамошното првенство. На видеото снимено се гледа дека Ернандез ги загуби нервите додека му покажа жолт картон на фудбалерот Лукас Ромеро, кој беше удрен со коленото во интимните делови од телото.

Екипите одиграа многу важен натпревар за пласман во тамошната ЛШ, односно Копа либертадорес а тензијата на теренот беше исклучителна. Кога главниот судија на натпреварот му покажа жолт картон на фудбалер на Леон, сите негови соиграчи го опколија судијата за да го убедат дека тоа не е добра одлука. Дефанзивниот играч за врска Ромеро беше во првите редови на оние кои се жалеа, барем додека не заврши на земја поради ударот кој го изведе. Погледнете како тоа изгледаше: