Фудбал
Со над 28.000 минути игра, еве го најкористениот играч на декадата!
Најкористен играч од минатата деценија во петте најгледани првенства е Стив Манданда. Францускиот голман одигра вкупно 28419 минути вкупно, каде беше активен на 84,2% од натпреварите.
После голманот на Марсеј доаѓа Лионел Меси. Аргентинецот играше само 110 минути помалку од Манданда, односно 28309 минути. Подиумот го исполнува уште еден француски голман, Стефан Руфиер.
Чуварот на Сент Етјен играше 27232 минути, а потоа следуваат Давид Де Хеа со 25814 минути. Првата петторка ја комплетира Томас Мулер, кој има запишано 23023 минути игра.
