Поврзи се со нас

Кошарка

Со победа во првото коло од новата сезона за кошаркарите на Тетекс

Тетово, 7 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Тетекс со победа ја започнаа новата сезона во Втората лига-запад. Во првото коло на домашен терен во салата на ССОУ „8 Септември“ беше совладана екипата на Спорт Тим со 88-69.

– Почнавме со победа 88-69 против екипата од Неготино. Тие беа млада екипа која не можеше  да ни парира така да имавме слобода да бидат во игра сите играчи Денес најдобар стрелец беше Ценовски со 20 поени. Од новите играчи во тимот денес играа Никола Томиќ и Славиша Јанески кои пружија солидна игра и најавија дека ќе ни бидат од помош во оваа натпреварувачка година, изјави шефот на стручнио штаб Димитрија Вучески.

Наредното коло се игра на 14 ноември, сабота. Тетекс повторно е домаќин, а овојпат гостува Партизан Водно Санс од Скопје.ас/лв/

loading...

Facebook