Connect with us

Фудбал

Солари доби поддршка од Крос

Германскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Тони Крос, го поддржа шефот на стручниот штаб, Сантијаго Солари, кој има сериозен проблем со офанзивниот играч за врска, Франциско Иско.

Одличниот играч за врска истакна дека неговиот тимски колега има неспорни квалитети, но одлуката да се игра или не, ја носи тренерот.

  • Тренерот носи одлука за тоа што Иско е надвор од групата, и тој сигурно има свое оправдување. Сите знаеме што може Иско да направи на теренот, но одлуката е на тренерот, изјави Крос.

Репрезентативецот на Шпанија не беше во комбинација за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампиони, против екипата на Рома, кој заврши со заслужен триумф на “кралскиот клуб” од 2:0.