Connect with us

Фудбал

Солскјер и Раиола полека влегуваат во отворен конфликт поради Погба

Објавено:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер и агентот на Пол Погба, Мино Раиола полека влегуваат во отворен конфликт поради фудбалерот.

Наводно Раиола изјавил дека очекува ова лето Погба да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Јувентус, што секако не му се допаднало на Солскјер.

Тој на прес конференција порача дека тој не е играч на Раиола туку на Манчестер Јунајтед.

Но, тоа не му се допадна на агентот кој возврати.

-Пред да коментира, Солскјер мора да се информира за тоа што е кажано. Јас сум слободен граѓанин и смеам да го изнесам моето мислење. До сега можеби бев премногу фин кон него. Солскјер мора да се сети на она што му го кажал на Погба минатото лето. Мислам дека тој има други работи за кои треба да се грижи, вели Раиола, кој притоа додава:

-Погба не е моја сопственост, а сигурно не е и на Солскјер. Погба му припаѓа на Погба. Веќе долго време во Велика Британија не е легално да се поседува човечко битие, изјави менаџерот.

 

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com