Фудбал
Солскјаер искрен: Ја срушивме куќата, сега повторно ја градиме
Манчестер јунајтед не игра одлично и оваа сезона, а шансите дека би можеле да останат без настапите во Лигата на шампионите следната сезона се големи.
Најголем фаворит за отпуштање според англиските обложувалници е токму нивниот тренер Оле Гунар Солскјаер, кој освои само четири од петнаесетте можни поени во 2020 година со Јунајтед.
Последниот удар беше против Волверхемптон на „Олд Трафорд“, и иако навивачите сè повеќе бараат повик за негово разрешување, но тоа игледа дека нема да се случи.
„Тие ме замолија да го сторам тоа. Очигледно, сите видоа што се обидуваме да направиме и тоа едноставно требаше така да биде. Ја срушивме куќата и сега ја градиме. Ги избркавме играчите кои не беа тука духовно. Сега има играчи кои ќе дадат сè од себе за овој клуб и тоа е културата што сакам да ја градам. Никој нема да биде дел од клубот доколку клубот не му е на прво место и ако не дава се од себе“.