Connect with us

Фудбал

Солскјер брутално искрен: Не заслужуваме да се пласираме во нокаут фазата

Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Лајпциг со 3:2 во последното коло од Лигата на шампионите, па остана без пласман во нокаут фазата од најелитното фудбалско натпреварување. Наместо нив, германскиот тим ќе оди понатаму, заедно со ПСЖ, кој денеска треба да го доигра прекинатиот меч против Башакшехир.  Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека неговиот тим не заслужува да се пласира во плејофот.

Манчестер заврши на третото место во групата и се пласираа во плејофот во Лигата на Европа.

– Секако, не можеме да кажеме дека игравме добро. Не заслуживме да ја поминеме групата. Многу негативно влијаеше на нас поразот во Истанбул. На тој натпревар не смееше да се изгубат бодови. Со Лајпциг бевме близу до реми, но кога ќе се примат три гола е тешко да се дојде до бодови, истакна Солскјер.

Од Х-групата во плејофот се пласираа Лајпциг и Пари Сен-Жермен.