Connect with us

Фудбал

Солскјер доби список од раководството: Продај ги овие четворица, па да го купиме Санчо

Прва мета на Манчестер Јунајтед во претстојниот преоден рок е офанзивецот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Но, се уште трансферот е далеку, со оглед на тоа дека германскиот тим бара 110 милиони евра за крилниот напаѓач.

Во насока на реализација на овој трансфер, од раководствто на тимот, Солскјер добил список од четворица фудбалери кои треба да бидат продадени за да се растерети буџетот и да се соберат пари за Санчо.

Првите двајца кои треба да заминат се Џеси Лингард и Алексис Санчез, кои неделно имаат 400 илјади фунти плата. Следните двајца се Фил Џонс и Крис Смолинг.

Санчез и Смолинг се на позајмица во моментов во Интер, односно Рома. Првиот веројатно нема да биде откупен, а за вториот Рома изрази желба.

Од друга страна, Линдгард и Џонс ретко играат оваа сезона, па најверојатно без многу размислување Солскјер ќе се откаже од нив.