Connect with us

Фудбал

Солскјер е веќе бивши, Јунајтед оговори пристигнување на нов тренер на кого Патрис Евра ќе му биде помишник

Манчестер јунајтед веќе неколку сезони е во криза, но овој пат се чини дека „црвените ѓаволи“ го достигнаа својот врв.

Јунајтед очајно игра во Премиер лигата и се наоѓа на 12-то место пред големото дерби против Ливерпул, кој има осум победи во првите осум кола. Солскјер е под тешки критики и многумина веруваат дека тој ќе биде отпуштен наскоро.

Солскјер пристигна на клупата на Јунајтед во декември минатата година, наместо Жозе Мурињо, а по добрите резултати клубот му даде тригодишен договор.

Англиските медиуми утрово објавија дека Јунајтед пред неколку недели започнале разговори со Масимилијано Алегри, кој е без работа неколку месеци откако беше отпуштен од Јувентус.

„Дејли мејл“ пренесува дека Алегри веќе се подготвува да дојде во Манчестер, и дека веќе одлучил дека негов асистент на „Олд Трафорд“ ќе биде Патрис Евра, кој како играч остави голем белег во овој клуб.