Connect with us

Фудбал

Солскјер фасциниран од дебито на Ван де Бик

Манчестер, 13 септември 2020 (МИА) – Новиот играч за врска на Манчестер, Дони ван де Бик запиша цели 90 минути во вчерашната контрола на тимот против Астон Вила во Бирмингем, која се играше зад затворени врати. Избраниците на Оле Гунар Солскјер загубија со 0:1.

Сепак, менаџерот беше фасциниран од прикажаното од Холанѓанецот, кого Ајакс го купи пред неколку дена.

– Можеби играта на Дони беше нашата најголема предност на теренот. Успева толку добро да ги пронајде празните простори и со своето движење да се најде во вистинската позиција. Јас сум многу задоволен од него, изјави Солскјаер за МУТВ.

Норвежанецот исто така ги пофали голманот Дин Хендерсон и 18-годишниот дефанзивец Теден Менги, кој е дете на клубот.

Во оваа проверка „црвените ѓаволи“ беа без 16 играчи од првиот тим, што наметна потреба од вклучување на многу резерви и тинејџери. Средбата на тимот од првото коло во Премиер лигата беше одложена поради продолженото учество на тимот во Лигата на Европа. Првиот натпревар на Јунајтед во Премиер лигата е против Кристал Палас на 19 септември.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com