Connect with us

Фудбал

Солскјер ги „крои“ плановите за јануари, тројца фудбалери на излезна врата

Раководството на Манчестер Јунајтед им соопштило на фудбалерите Немања Матиќ, Маркос Рохо и Ешли Јанг дека во јануари можат да бараат друг клуб. Овие тројца фудбалери се најдоа на трансфер листата и тоа по желба на тренерот Оле Гунер Солскјер.

Од друга страна, Норвежанецот ги кажал и желбите. Според медиумите примарна цел во зимскиот преоден рок се Џек Грилиш од Астон Вила и Џејмс Медисон од Лестер.