Поврзи се со нас

Фудбал

Солскјер изрази надеж за уште трансфери

Манчестер, 18 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солсјкер се надева дека тимот ќе може да се засили до крајот на преодниот рок, кој ќе се затвори на 5 октомври. Досега клубот од „Олд Трафорд“ успеа да го привлече само Дони ван де Бик, но ги пропушти Герет Бејл и Серхио Регилон. Големата цел Џејден Санчо исто така изгледа тешко да се привлече во оваа фаза.

– Мислам дека можеме да влеземе во новата сезона со самодоверба поради начинот на кој ја завршивме старата. Покажавме за што сме способни и успеавме да напредуваме во текот на сезоната. Треба да продолжиме во оваа насока и да го покажеме нашиот потенцијал. Потребна ни е поголема упорност. Но, сега имаме уште една година искуство и тоа треба да ни ја донесе таа истрајност. Не сакам да и кажувам на оваа група играчи што можат. Тие можат да стигнат толку далеку, колку што сакаат, изјави Солксјер.

Запрашан за можни нови трансфери, а особено за Џејден Санчо, Солскјер рече: „Секако, успеавме да завршиме во оваа насока со привлекување на Дони. Многу сме среќни што го привлековме. Тој е исклучително момче кое ќе ни помогне, ќени донесе нешто. Не можам да кажам ништо за играчи на други клубови. Не можам да шпекулирам. Се разбир дека треба да го развиваме она што го имаме и да го засилиме тимот, но да почекаме и да видиме дали можеме да привлечеме некој друг“.

Солскјер исто така изрази незадоволство од фактот дека Мејсон Гринвуд беше повикан во репрезентацијата на Англија и покрај инсистирањето на клубот да се даде пауза за талентот. За време на кампот, напаѓачот и играчот за врска на Манчестер Сити, Фил Фоден се вклучија во скандал и беше вратен назад во Англија.

– Момчето имаше фантастична сезона. Клубот и јас работевме напорно за да му дадеме доволно време на теренот и да му дадеме шанса да се појави во медиумите. Сезоната заврши и имаше само двонеделна пауза. Потоа тој доби повик за националниот тим. Клубот замоли тој да паузира бидејќи требаше да се одмори психички и физички по оваа сезона. Прво, тој беше повикан, а потоа неговото име се појави на печатот на тој начин. Направивме се што можеме за да го заштитиме и да му помогнеме, вели Норвежанецот.

Солксјаер додаде дека Пол Погба и Лук Шо ќе бидат достапни за избор за утрешниот натпревар со Кристал Палас, со кој Манчестер Јунајтед ќе ја започне новата сезона.

Advertisement

Facebook

Реклама