Фудбал
Солскјер ќе смета на големо засилување во дербито против Ливерпул?
Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед во 23. коло од англиската Премиер лига на „Енфилд“ во недела.
„Редсите“ одат кон титулата, но Јунајтед по убедливата победа над Норвич сакаат да ја продолжат серијата и да освојат барем еден бод во борбата за четвртото место.
Оле Гунар Солскјаер, менаџер на „Црвените ѓаволи“, би можел тогаш да го има на располагање Бруно Фернандес, за кој се вели дека ситници го делат од потпишување за Јунајтед.
Фудбалерот на Спортинг Лисабон, наводно, се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“, при што португалските медиуми велат дека претставниците на Спортинг веќе биле во Манчестер за да го завршат трансферот.
Клубот од Лисабон сака да го вклучи Маркос Рохо, искусниот дефанзивец, на кого во Јунајтед одамна не сметаат.
Според островските медиуми, доколку се оди според планот, Фернандес би можел да игра и во дербито против Ливерпул.