Connect with us

Фудбал

Солскјер влезе во историјата на англискиот фудбал, но по една чудна работа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, стана првиот тренер во англискиот фудбал што направи 6 замени на еден натпревар. Ова се случи во четвртфиналето на ФА Купот против Норвич, што го добија „црвените ѓаволи“ со 2:1 по дополнителното време. Солскјер направи 5 замени во редовното време и една во дополнителните 30 минути.
Поранешниот напаѓач на Јунајтед не беше импресиониран од перформансите на тимот, но го пофали авторот на победничкиот гол Хари Мегваер и нигерискиот напаѓач Одион Игало.
Црвените ѓаволи се првиот тим кој стигна до полуфиналето на ФА Купот по 30-ти пат.