Connect with us

Фудбал

Солзи на лицата на играчите, навивачите не можеа да поднесат таков тажен крај

За првпат во историјата на клубот ХСВ, тој падна во втората Бундеслига, а овој ден навивачите тешко дека ќе го заборават.

Хамбургер ја пречека Борусија Менхенгладбах во последното коло, и покрај триумфот, не стигна до 16. место што води до плејофот за опстанок во лигата.

Плановите ги „замрсил“ Волфсбург, кој го порази веќе испаднатиот Келн, па ХСВ мора да оди во понизок ранг од создавањето на Бундеслигата.

Во 90-тата минута, кога сфатија дека е крај, фановите на ХСВ почнаа да ги палат знамињата зад голот, а потоа имаше прекин. Голем број специјални полицајци се појавија на теренот и натпреварот беше прекинат најмалку 10 минути.

На лицата на играчите на ХСВ, можеше да се видат солзи, а навивачите изгореа се што можеа. Тагата е огромна, не сакаа ваков вид на сценарио, ниту, пак, тие претходно морале да се соочат со таква болка.