Други спортови
Солзите на белоруската тенисерка Викторија Азаренка го обиколија светот (ВИДЕО)
Познатата белоруска тенисерка емотивно се распадна во дуелот од третото коло на Индијан Велс против Елена Рибакин, која е родена во Москва, но се натпреварува под знамето на Казахстан. Во вториот сет Азаренка едноставно почна да плаче на нејзин сервис и повеќе не можеше да се воздржи поради се што се случуваше.
Искусната Белорусинка едноставно им се препушти на емоциите и само повтори дека и е жал. Тоа беше навистина потресен момент.
Иако се обидела да продолжи да игра, не успеала се додека судијата на натпреварот не и пришол и ја смирил, по што по неколкуминутна пауза натпреварот продолжил.
Vika azarenka beaten 3-6 4-6 by elena rybakina in the 3rd round of the Indian wells masters #azarenka #round3 #BNPParibasOpen ( Getty ) pic.twitter.com/pY1YRXSJyH
— Phil (@tennis_phil) March 15, 2022
На крајот Рибакина победи со 2-0 во сетови, а двократната шампионка на Индијан Велс го заврши настапот. Беше 6:3 и 6:2.
Азаренка е само една во низата спортистки кои страдаат поради рускиот напад на Украина, со оглед на тоа што нејзината земја Белорусија им се придружи на Русите.
Таа во својата богата кариера освои два Австралија опен, а пред турнирот во Индијан Велс јасно стави до знаење дека се чувствува „уништена“ од луѓето погодени од војната во Украина.