Поврзи се со нас

Фудбал

Солзите не беа залудни: Кимих беше опериран, се знае колку долго ќе паузира

Баерн ја победи Борусија со 2:3 и ја потврди својата доминација во Бундеслигата, но загуби и еден од клучните играчи.

На крајот на првото полувреме, Џошуа Кимих со солзи го напушти теренот, а вчера се покажа дека солзите не биле залудни.

Имено, овој 25-годишник вчерта заврши на операционата маса. Тој беше подложен на комплетно успешна процедура на менискусот на десното колено и сега го чека пауза.

Баерн потврди дека Кимих ќе паузира најмалку два месеци и се надеваат дека одличниот германски репрезентативец ќе се врати на терените во јануари.

„Џошуа веројатно ќе се врати за неколку недели. Ќе му бидеме поддршка за време на рехабилитацијата колку што можеме“, рече членот на УО, Хасан Салихамиџиќ.

loading...

Facebook