Тајмаут
Сон ја заврши својата воена служба, беше меѓу првите пет војници
Sвездата на Тотенхем, Хјунг Мин Сон, ја заврши воената служба.
Репрезентативецот на Јужна Кореја имаше само три недели воена служба, иако во неговата земја за мажите е задолжително две години.
Сон беше прогласен за еден од најдобрите пет војници во неговата единица, а неговата воена служба заврши со почести во петокот.
Маринците објавија на својата страница на Фејсбук фотографии од напаѓачот на Тотенхем во униформа каде изведува воен поздрав и каде што пукаше од М-16 во легната позиција.
Јужнокорејската армија има 600.000 војници, за разлика од Северна Кореја, која има 1,3 милиони припадници. Сон претходно избегна воена служба, откако му помогна на својата репрезентација да победи на азиските игри во Индонезија во 2018 година, но тој го искористи времето на пандемијата да се врати дома и да ја исполни својата национална должност.
Во Јужна Кореја беа воодушевени од начинот на кој Сон пристапи кон армијата, па на крајот тој беше меѓу најдобрите поединци.