Фудбал
Сонародникот го „предаде“ Почетин: Му понудија фантастични услови
Маурисио Почетино најверојатно ќе стане новиот менаџер на Њукасл Јунајтед.
Аргентинскиот стручњак потврди денес дека е подготвен да работи во клубови кои не се од врвот на англискиот фудбал, но во Њукасл ќе има милиони фунти за да создаде тим по свој избор, откако го презеде саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Почетино, наводно, веќе разговарал со одредени луѓе за преземање на Њукасл, а легендарниот Аргентинец Освалдо Ардилес тврди дека Почетино добил одлична понуда од овој клуб.
„Тој се чувствува добро во Англија. Тој се поврзува со Њукасл Јунајтед во последно време и преговараше со луѓе од клубот. Тие му понудија фантастични услови“, откри Ардилес, додавајќи:
„Тој ќе ги преиспита сите понуди. Ќе му треба време да размисли, но Њукасл е добра опција за нов почеток. Тој е врвен стручњак, тој може да работи каде било, но тој ја сака Англија“, истакна Ардилес.
Почетино работеше во Тотенхем претходните пет години, а претходно ги водеше Саутемптон и Еспањол.