Connect with us

Фудбал

Сообраќајка на напаѓачот на Лацио, се судри со трамвај, има повредени (ВИДЕО)

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле доживеа сообраќајна несреќа во Рим, со судир со трамвај во непосредна близина на стадионот! Според „Газета дело спорт“, трамвајот број 19 ја преминувал улицата и удрил во автомобилот на Имобиле. Искусниот напаѓач кој веќе пропушти голем дел од сезоната поради повреда се повреди и се огласи веднаш по несреќата. Наводно, во судирот полесно се повредени уште неколку лица. Трамвајот помина на црвено. За среќа, добро сум, само малку ме боли раката“, изјави Имобиле за италијанските медиуми.