Тајмаут
Сопругата на фудбалерот на Јувентус жали што повеќе не изгледа како порано (ФОТО)
Микела Персико се пошегува на Инстаграм носталгично покажувајќи го обликот на телото што го имаше пред неколку месеци.
Сопругата на дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, моментално е бремена и сега на шега се сеќава на деновите кога имаше рамен стомак и изгледаше совршено, иако нејзините пријатели и фанови рекоа дека е сеуште совршена.
„Се враќам назад, пред само 5 месеци имав стомачни мускули“, напиша Микела.
Популарната италијанска презентерка беше во центарот на вниманието во март затоа што беше заразена со коронавирус, исто како и нејзиното момче Ругани.