Кошарка
Сопругата на Коби Брајант бара од судот да го смени наследството
Ванеса Брајант, сопруга на Коби Брајант, поднесе барање за да се реши проблемот со наследството на нејзиниот покоен сопруг.
Во документите кои што ги имал Коби направено претходно, не била вклучена најмладата ќерка Капри Брајант, која што има девет месеци и која што е родена по последната промена која ја направил легендарниот кошаркар.
Сега, Венеса, бара од судот да го смени тоа и Капри да биде уфрлена како наследник на имотот и богатството на легендарниот кошаркар.
Од 2003-та година кога за прв пат составил документ за наследство, Коби Брајант го менувал, односно надополнувал неколку пати. Последен пат тоа го сторил во 2017-та година, а Капри е родена во јуни 2019-та.
Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка за Иана загибаа во хеликоптерска несреќа во јануари оваа година, заедно со уште седум лица.