Connect with us

Фудбал

Сопругата на Михајовиќ објави фотографија од болницата

Михајловиќ пред неколку години потврди дека има леукемија и успеа да се избори со неа и да победи, но кога сите помислија дека проблемите се минато, дојде шокантна информација.

Лекарите потврдија дека на Михајловиќ на редовен преглед повторно му била дијагностицирана леукемија и таа информација повторно го потресе фудбалскиот свет.

Михајловиќ веќе неколку недели е во болница и изјави дека нема да се откаже и дека верува дека и овој пат ќе биде победник.

Денеска во болница го посети неговата сопруга Аријана, која објави и фотографија со тренерот на Болоња на која се гледа дека болеста веќе зема замав, но дека Михајловиќ не го напушта оптимизмот.

Јасно е дека Михајловиќ ослабе во овие месеци и дека сето тоа го исцрпи, но најважно е што не ја симнува насмевката од лицето и сигурен е дека ќе успее да ја победи оваа опасна болест оваа време исто така.

Реклама

Facebook