Фудбал
Сопственик на ПСЖ: Меси е среќен во Париз
Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи проговори за можното заминување на Лионел Меси.
„Тој е со нас. Тој е играч на Пари Сен Жермен, има договор. Ќе видиме на крајот од сезоната. Меси е среќен во Париз“, изјави Насер Ал-Хелаифи.
Договорот на напаѓачот со парискиот клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. Претходно се појавија информации за интерес на Барселона и Манчестер Сити за услугите на Аргентинецот.