Connect with us

Кошарка

Сопственикот на Далас се надева дека НБА-лигата ќе продолжи во мај

Пандемијата на коронавирус ги прекина сите спортови скоро низ целиот свет, а никој не знае кога лигите би можеле да продолжат.

Една од запрените лиги е НБА, а во Америка очекуваат дека лигата би можела да продолжи кон средината на мај.

„Во моментов никој нема точни информации за коронавирусот и тоа е она што нè плаши. Се надевам дека до средината на мај ќе имаме добра ситуација и дека НБА лигата ќе продолжи со натпревари“, рече сопственикот на Далас, Марк Кубан.

Може да се каже дека Кубанецот е многу оптимист во надеж дека лигата ќе продолжи, но на нас останува да чекаме.