Кошарка
Сопственикот на Њујорк Никси позитивен на Ковид-19
Според американските медиуми, сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан е заразен со коронавирус.
Откако ги забелажа симптомите, на почетокот на неделата, Долан се тестирал и сега се наоѓа во самоизолација.
Долан на 8 март го гледаше натпреварот на Никси против Детроит во „Медисон Сквер Гарден“, а подоцна беше дијагностициран Ковид-19, кај играчот на Пистонси, Кристијан Вуд.
Освен Долан, засега нема позитивни кошаркари на Њујорк на новиот коронавирусот.