Connect with us

Фудбал

Сопственикот Висел Коби го воодушеви светот: Неговото семејство подготви неверојатна помош за Украина

Сопственикот на јапонскиот клуб Висел Кобе, Хироши Микитани денеска го воодушеви целиот свет со својата објава на Твитер.

Хироши потекнува од едно од најбогатите семејства во Јапонија, а освен што е сопственик на фудбалскиот клуб Висел Кобе, тој е и директор на Ракутен, но и на многу други познати компании во Јапонија.

Тој денеска се огласи на Твитер и со својата објава го воодушеви целиот свет затоа што решил на конкретен начин да и помогне на Украина.

Микитани испрати писмо до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и рече дека по разговорите со неговото семејство одлучил да му помогне на народот на Украина откако Русија ја започна војната против оваа земја.

Тој преку Твитер соопшти дека тој и неговото семејство одлучиле да донираат речиси осум милиони евра за Украина за да им помогнат на луѓето погодени од војната во оваа земја.

„По консултациите со семејството, решивме да донираме милијарда јени за Украина. Во прилог можете да го видите моето писмо до претседателот Зеленски. Нашите срца се со вас“, напиша Микитани на Твитер и објави писмо до претседателот на Украина.