Connect with us

Фудбал

Сопствениците на Манчестер Сити го купуваат Палермо

Италијанскиот претседател на Палермо, Дарио Мири, откри дека е подготвен да го продаде својот 80 отсто од акциите во клубот.

За имотот е заинтересирана Сити Фудбал Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити и 12 други клубови ширум светот како Мелбурн Сити, Њујорк Сити, Монтевидео Сити Торкет и други.

Според „Гаџета дело спорт“, зделката ќе биде вредна околу 6 милиони евра.

Се очекува Палермо да ги подобри своите резултати. Тимот моментално се наоѓа во Серија Ц , која е трето ниво на италијанскиот фудбал, додека во минатото играше во елитата.