Фудбал
Сопствениците на ПСЖ инвестицијата во Нејмар ја оценуваат како неуспешна
Мултимилионскиот трансфер на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен е огромно разочарување за сопствениците на францускиот велемајстор, открива „Тим“. Авторитетното издание тврди дека газдите на „Катар Спорт Инвестментс“ сметаат дека привлекувањето на бразилскиот напаѓач е лоша инвестиција, но Нејмар сепак најверојатно нема да си замине на лето.
Во 2017 година, ПСЖ го собори рекордот на сите времиња во трансфери, плаќајќи 222 милиони евра за Нејмар . Со парите за платата на ѕвездата вкупната сума потрошена за него надминува 500 милиони Бразилецот веднаш потпиша спонзорски договори со Катар Ервејс и Катар Националната банка, што беше јасен показател дека долги години се гледа како заштитно лице на клубот напред.
Во овој период ПСЖ не успеа да ја оствари својата голема цел – освојување на Лигата на шампионите, а Нејмар никогаш не стана голем лидер на тимот. Бразилецот често се здоби со повреди, а и кога беше здрав често покажуваше слаба форма. До денес, париските сопственици веруваат дека Нејмар не е доволно мотивиран и не вложува доволно напори за да се врати на претходното ниво.
И покрај сето ова, Нејмар попрво ќе остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона. Причината е што ниту еден од најбогатите клубови не е заинтересиран за него, а неговата огромна плата може да си ја дозволи само Њукасл .
Договорот на Бразилецот со ПСЖ е до 2026 година. Со парискиот тим на 138 натпревари има вкупно 94 гола и 57 асистенции.