Тајмаут
Соседите на Роналдо открија како е да се живее покрај него: „Ние навистина не го очекувавме тоа“
Кристијано Роналдо е без сомнение еден од најдобрите спортисти на сите времиња, а од самиот почеток тотално се фокусираше само на фудбалот.
Роналдо знаеше дека сака да стане најдобриот играч на светот и тој направи сè за тоа. Неговиот живот е фокусиран само на фудбалот, а тој ретко сака да зборува за тоа што го прави во слободното време.
Неговите соседи во Торино им откриле на италијанските медиуми дека Роналдо е исклучително тивок и повлечен човек и дека тој е тотално спротивно од она што се зборува за фудбалерите.
„Кај него ги нема овие забави, секој ден да се дружи со пријателите и соиграчите или возејќи диво низ соседството. Тој е неверојатно тивок човек како целото негово семејство“, рече Елизабет Борел, која живее покрај вратата на Роналдо.
“Тој честопати е надвор со децата и тие играат, но тие воопшто не прават бучава. Нè предупредуваа за фудбалерите и кажуваа каков неред носат кога се преселуваат, но тој е неверојатен. Сите сме изненадени од тоа колку пази на сè и навистина секоја чест. Не го очекувавме тоа кога се пресели во куќата до нашата“.