Фудбал
Состанок во Мајорка, одреден новиот клуб на Садио Мане?!
Договорот на Садио Мане со Ливерпул истекува во летото 2023 година, а тој самиот откри дека плановите за иднината ќе ги открие по финалето од Лигата на шампионите викендов.
„Мислам дека тоа е добро прашање, но тешко е да се одговори. Фокусиран сум на финалето од Лигата на шампионите, прашајте ме после финалето и ќе ви кажам“, изјави Мане по тренингот на „црвените“ во средата.
Мане влегува во последната година од договорот и е во сериозен контакт со Баерн, па опцијата да го напушти „Енфилд Роуд“ по шест и повеќе години е повеќе од извесна.
30-годишниот фудбалер го сакаше и ПСЖ, но по последното продолжување на договорот со Килијан Мбапе, францускиот шампион ќе се откаже од трката.
На Баерн му треба звучно име по претстојното заминување на Роберт Левандовски во Барселона откако тој наводно договорил се со Каталонците.
Хасан Салихамиџиќ и Јулијан Нагелсман сметаат дека доведувањето на значајни засилувања би бил вистинскиот одговор за заминувањето на ѕвезда како Левандовски.