Connect with us

Други спортови

Социјалните мрежи вријат, Ѓоковиќ обвинет дека лаже за повредата, се огласи и Борис Бекер…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на Австралија опен, но сите се уште се загрижени за неговата повреда. Очигледно е дека има големи проблеми со задната ложа и дека тоа му пречи многу повеќе од противниците, но има и такви кои не веруваат во тоа. Навивачите почнаа да пишуваат на социјалните мрежи дека Србинот само глуми и дека навистина не е повреден, а на тоа реагираше Борис Бекер.

И поранешниот тренер на српскиот ас слушнал за овие небулози, па решил да каже нешто за тоа.

„Слушајте, јас го познавам Ѓоковиќ долго време и знам дека тој навистина има проблем со повреда. Тој не би се однесувал како што се однесува доколку се биде во ред“, изјави Бекер, кој работи како стручен консултант за „Еуроспорт“. “.

Ѓоковиќ зборуваше и за тоа колку се бори со повредата, зема лекови, оди на терапија, пробува се што може. Забележливо е дека поради сето тоа се движи побавно.

– Го прифатив и среќен сум што воопшто можам да играм. Како што изгледаше пред почетокот на турнирот, мислев дека нема да можам да учествувам. Не сакам да се повлечам, бидејќи чекав да видам како ќе изгледа на турнирот. Одам натпревар по натпревар, ќе видам што ме чека“, рече Ѓоковиќ.

Следен противник ќе му биде талентираниот Алекс де Минор, а за тој дуел зборуваше и легендарниот Џон Мекинро, кој стравува и за повредата на Новак.