Фудбал
Совет за Лаутаро Мартинез од поранешен соиграч на Меси: Тешко е да се игра со него во ист тим
Лаутаро Мартинез подолго време се доведува во врска со Барселона. Наводно во летниот преоден рок Каталонците ќе го купат напаѓачот на Интер, кој на „Нероаѕурите“ им дал до знаење дека не планира да го продолжи договорот. Мартинез сака да игра со неговиот сонародник Лионел Меси во нападот.
Но, поранешен напаѓач на Барселона, Савиола вели дека да се игра со Меси воопшто не е лесно. Тој беше дел од Барса од 2001 до 2007 година.
-Паоло Дибала изјави дека е тешко да се игра со Меси и јас го подржувам. Никој не разбира што прави на теренот. Тој игра во голема брзина, па понекогаш морате многу високо да се концентрирате, да бидете свесни за она што би можело да следува и да играте во ритамот на вашиот тим. Мислите дека е лесно, но всушност ќе видите каква е тоа спектакуларна брзина, вели Савиола.
Савиола во својата кариера освен за Барселона, играл и за Реал Мадрид.