Connect with us

Фудбал

Советниците во Град Скопје изгласаа иницијатива, ја задолжија Арсовска да најде пари за Вардар

Советот на Градот Скопје изгласа иницијатива, која е поднесена од советникот Никола Пандовски, за помош на ФК Вардар. Не е познато колкава ќе биде сумата, но со оваа одлука се задолжува градоначалничката Данела Арсовска да ја одреди и обезбеди сумата. За иницијативата гласаа речиси сите советници.

Инаку, ова е втора иницијатива на град Скопје за помош на Вардар. Пред нешто повеќе од осум месеци беше изгласно да се помогне со 250.000 евра, но тогаш одлуката не помина во министерството за финансии.