СП 2019: САД ја победи Шпанија во својата прва контролна

Светските шампиони САД ја освоија својата прва контролна при подготвките за СП 2019 во Кина, откако ја совладаа Шпанија со 90:81 во Анхајм.

Американците поведоа со двоцифрено водство во првата четвртина од средбата во „Хонда Центар“, а потоа не ја пропуштија иницијативата до последната сирена.

Донован Мичел со 13 поени беше најпррецизен за победниците, Крис Мидлтон постигна 12, но 10 од нив дојдоа пред паузата, а Џејсон Тејтум и Кемба Вок помогнаа со по 11 поени, а Вокер имаше и 8 асистенции.

Марк Гасол постигна 19 за „фуријата“, Рики Рубио постигна 16, а Серхио Љул се истакна со 11.