Connect with us

Други спортови

СП 2023 во атлетика ќе се одржи во Будимпешта

Будимпешта ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2023 година, објавено е на официјалниот Твитер на ИААФ. Оваа одлука беше донесена на состанокот на одборот на организацијата.

Будимпешта во 1998 година беше домаќин на Европското првенство, а во 2004 година на Светското првенство во сала. Во 2019 година, Светското првенство ќе се одржи во Доха, Катар, а во 2021 во американскиот Јуџин.