Connect with us

Фудбал

Спалети или Жозе Мурињо е изборот за Де Вриј

Медиуми во Италија и Англија пишуваат дека Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за потписот на дефанзивецот на Лацио Стефан Де Вриј, откако пропадна договорот со Интер за Холанѓанецот.

26-Годишниот Де Врај игра на позицијата стопер и е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Во екипата на Лацио пристигна од Феенорд во 2014 година, а средината би можел повторно да ја промени во текот на следното лето.

Холанѓанецот игра во одлична форма оваа сезона, односно ја ужива довербата на тренерот на Лазио Симоне Инзаги. Одигра 22 од вкупно 23 натпревари во лигата оваа сезона.

Де Вриј се уште нема потпишано нов договор, а актуелниот му истекува на крајот од сезоната.

Tренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо, наводно го посакува овој играч во својот тим, па е подготвен да го доведе откако ќе му истече договорот со Лацио.