Фудбал
Спектакл на „Сан Сиро“, по Лацио на ред е Јувентус
Милан во претходното коло забележа убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Лацио и овој резултат е еден вид изненадување, особено ако се земе предвид формата на двата клуба. Вечерва на „Сан Сиро“, Милан го пречекува Јувентус. Ова ќе биде дерби на колото. Дали „Росонерите“ ќе успеат да му нанесат пораз на тимот на Маурицио Сари и со тоа финишот на сезоната да го направат понеизвесен.
За вечерва тренерот Стефано Пиоли на располагање го има најсилниот тим, односно нема казнети и повредени. Од друга страна, Маурицио Сари е исто така на слатки маки бидејќи речиси сите играчи се подготвени за дерби.
Мечот се игра со почеток во 21:45 часот, а италијанските медиуми веќе ги објавија можните состави.
Можен состав на Милан: Донарума, Конти, Кјаер, Ромањоли, Тео Хернандез, Кеси, Бенасер, Салемакерс, Бонавентура, Чалханоглу, Ибрахимовиќ.
Можен состав на Јувентус: Шчесни, Квадрадо, Ругани, Бонучи, Данило, Бентакур, Пјаниќ, Матуиди, Бернандески, Игуаин, Роналдо.
Последни пет меча во сите конкуренции
Јувентус – Милан 0:0 (Куп)
Милан – Јувентус 1:1 (Куп)
Јувентус – Милан 1:0 (Серие А)
Јувентус – Милан 2:1 (Серие А)
Јувентус – Милан 1:0 (Суперкуп)