Connect with us

Фудбал

Спектакл на „Стемфорд Бриџ“ – Сари и Челзи одлични, Емери и Арсенал се уште без бод

Во дербито од второто коло во англиската Премиер Лига Челзи со 3:2 го совлада Арсенал.

Оличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одиграа Челзи и Арселал, а тимот на Маурицио Сари дојде до нова победа, додека Арсенал неславно ја започна новата сезона со тренерот Унаи Емери. За „Топчиите“ ова е вториот пораз после оној од Манчестер Сити.

Веќе во 9. минута Педро беше стрелец на првиот гол за „Плавите“ по одличната акција по левата стран, а во 20. минута Алваро Мората го зголеми водството на „Плавите“ на 2:0.

Финишот на првиот дел од натпреварот му припадна на гостите од северен Лондон. Прво Обамејанг имаше одлична шанса, па Михтаријан во 37. минута погоди за 2:1.

После само четири минути Ивоби по асистенцијата на Михтаријан погоди за 2:2 и Арсенал во потполност се врати во натпреварот.

Во продолжението малку опадна темпото на играта, но домашниот состав преку Маркос Алонсо во 81. минута дојде до нови три бода.

Челзи во наредното коло му гостува на Њукасел, додека Арсенал првите бодови ќе ги бара против Вест Хем.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com