Connect with us

Други спортови

Спектакл на Верстапен и комедија на Ферари во Унгарија

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија што се одржа на познатиот Хунгароринг.

Верстапен направи навистина неверојатна трка. Тргна од 10. позиција, но буквално ја облета патеката и со правилна тимска тактика успеа да оствари уште една победа со која го зацврсти првото место на шампионот во генералниот поредок.

Зад Верстапен заврши дуото од Мерцедес. На второ место е Луис Хамилтон, а трет Џорџ Расел.

Ферари доживеа нова катастрофа. Очајните одлуки на тимот со гуми и бокс повторно ги чинеа Карлос Саинц и Чарлс ЛеКлерк, а тие завршија како четврти и шести и можат само да си ја чешаат главата на она што го прави нивниот тим трка по трка.

Ферари веќе е нашироко исмеан поради постојаните грешки и неверојатно е колку кукавички тимот ги трча трките оваа сезона.

Треба секако да се истакне одличната трка на Луис Хамилтон, кој на стартот успеа да стигне до подиумот од седмата позиција.

Во вкупниот пласман лидер е Макс Верстапен со 258 поени, а го следат Шарл Леклерк со 178 и Серхио Перез со 173 поени.