Connect with us

Други спортови

Спектакл во финалето – Италијанците на Словенија и го подарија третото сребро

Одбојкарската репрезентација на Италија е новиот европски шампион – тимот на Фердинандо де Џорџи во финалето во Катовице, Полска, беше подобар од Словенија со резултат 3: 2 (22:25, 25:20, 20:25, 25: 20 и 15:11).

Ова ќе биде трето сребро за Словенија на Европското првенство, оваа селекција претходно двапати загуби во финалето (2015 година од Франција и 2019 година од Србија).

Италија последен пат го освои Европското првенство во 2005 година, а последно беше во финалето во 2013 година. Ова е седми пат во историјата Италија да го освои „стариот континент“.

Ова беше втор натпревар помеѓу Италијанците и Словенците на Европското првенство, бидејќи подмладената селекција на Фердинандо де Џрџо, предводена од капитенот Симоне Џанели, славеше со 3:0 против Словенија во групната фаза на турнирот.

Италија го завршува турнирот со непоразен резултат (9-0), третпат во својата историја, а Словенија загуби три натпревари (два од Италијанците и еден од Чешка).

Претходно Србија загуби од Полска во дуелот за третото место.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама