Други спортови
Спектакуларно враќање на Џон Џонс- дали го добивме најголемиот на сите времиња? (ВИДЕО)
ММА борецот Џонс стана шампион на тешка категорија во елитната промоција на УФЦ. Џонс во борбата што се одржа во Лас Вегас, го победи Сирил Ган, кој се предаде уште во првата рунда.
Jon Jones went against a created fighter with no attributes 😭 pic.twitter.com/reezruQORI
— nick (@kra) March 5, 2023
Популарниот „Боунс“ стигна до титулата релативно лесно, откако беа потребни нешто повеќе од две минути за прво да го собори Французинот, а потоа да го „натера“ да се предаде.
Ако не е доволно импресивно, важно е да се знае дека за 35-годишниот Џонс, се врати во октагонот по три години паузи и деби во тешка категорија.