Connect with us

Фудбал

Списокот на Сари отиде во канта за отпадоци, Пирло има две желби

Легендарниот фудбалер, а сега тренер на Јувентус, Андреа Пирло, има две желби за засилувања следната сезона. Како што објави Тутоспорт, Пирло сака млади, но квалитетни фудбалери. Првите две желби се Никола Заниоло од Рома и Сандро Тонало од Бреша. За првиот одамна се шпекулира дека интерес има од големите клубови како во Италија и надвор, но за вториот се појавија информации дека ги договорил личните услови со Интер, но останува само Бреша и тимот од Милано да ја договорат сумата за трансфер.