Фудбал
Спорен момент во ФА – Марсијал казнет! Јунајтед без французинот против Челзи и Арсенал
Дилемата се уште остана по синоќешниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Поразот од 1-6 и целата игра остана во сенка откако во првиот дел од натпреварот се случи момент кој беше спорен.
Домашниот напаѓач Ентони Марсијал доби црвен картон. До оваа казна дојде откако францускиот репрезентативец беше удрен по главата од страна на Ерик Ламела, па соодветно возврати, но на изненадување на јавноста, само тој беше исклучен.
Но не помина се така глатко. Федерацијата одлучи Марсијал следните три натпревари да не може да настапува за својот тим со што Јунајтед ќе остане без Марсијал против Челзи и Арсенал.
Следуваат натпреварите против Њукасл, Арсенал и Челзи во рамките на премиер лигата.