Connect with us

Други спортови

Спорт на ТВ викендов нема да гледаме, операторите најавија медиумски „мрак“

Кабелските оператори, на кои според информациите им се придружиле и А1 и Телеком, од недела, 21 јуни ќе почнат повремен прекин на реемитувањето на сите домашни и странски телевизиски програми, во знак на протест кон владата за измените направени во февруари годинава.

Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието ги донесе на 16 февруари, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Доколку надлежните институции не реагираат на нашиот протестен допис доставен до нив на 17.06.2020, ќе бидеме принудени од 21.06.2020 година, да започнеме со времени прекини во реемитувањето на сите домашни и странски телевизиски програми освен јавниот сервис МРТ во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски, се вели во соопштението.

За време на прекините на екранот ќе биде испишана причината за прекинот на реемитувањето, со цел како што велат да ги запознаат корисниците што ги очекува во август оваа година како резултат на донесената Уредба.