Фудбал
Спортинг повторно го излажа Михајловиќ, сега бара да ги исфрлат од Европа
Спортинг Лисабон никако да ги исполни обврските кон Синиша Михајловиќ. Како што е познато тој по судски пат бараше оштета поради тоа што по само десет дена беше сменет од клупата на португалскиот тим.
Судот донесе пресуда во корист на Михајловиќ и нареди да му плати 3 милиони евра. Португалските медиуми вчера објавија став од клубот дека веќе му ја исплатиле сумата, но тренерот се огласи денеска и вели дека тоа е лага. Спортинг Лисабон му исплатил само еден дел. Михајловиќ обвинува дека постојано овој клуб се обидувал да ги одложи плаќањата за да украде на време.
Михајловиќ вели дека сега ќе се жали и во УЕФА и ќе бара овој клуб да биде исфрлено од европските купови.
Михајловиќ на клупата на овој тим помина само десетина дена во 2018-та и не стигна да одработи ниту еден тренинг со екипата.
Тој беше назначен од раководство која неколку дена потоа беше сменето. Новото раководство му врачи отказ на Михајловиќ, па секако целиот случај заврши на суд.