SPORTM.mk ЕКСКЛУЗИВНО: Ова е предлог-договорот за уредување на структурата на двата ракометни клубови во Битола

SPORTM.mk ексклузивно го објавува предлог договорот за уредување на капиталната и управувачка структура на двата ракометни клубови, кој што треба да биде усвоен на седница на Совет.

Истиот е изработен после низа состаноци кои се одржуваа по донесените одлуки од Советот, кои дефинираа чекори од постапкаата. За да се реализира истиот, согласно договорот и член  4   од него, треба да биде извршено книговодствено усогласување.

До овој момент градоначалникот на Општина Битола нема добиено уредна документација од РК „Пелистер“, со која се потврдува книговодственото усогласување.

На крајот од минатата недела Општина Битола добила е-маил од страна на „Еурофарм“ во кој што се барало книговодственото усогласување да се изврши, по што градоначалникот во втор наврат вчера испратил дополнителен допис до Управниот одбор на РК „Пелистер“.

Завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување.